Осум ранети во вооружен напад пред џамија во Франција

0
572

Осум лица, вклучително и седумгодишно девојченце, се ранети во вооружен напад на маскирани мажи во неделата доцна ноќта пред џамија во францускиот град Авињон, пренесуваат локалните медиуми.

Локалниот весник La Provence, повикувајќи се на полициски извори и на очевидци, наведува дека двајца маскирани мажи, од кои едниот бил вооружен со пиштол а другиот со пушка, се паркирале пред џамијата оклу 22,30 часот и започнале да пукаат врз толпата која штотуку заминувала од храмот.

Полицијата исклучува дека станува збор за терористички чин, а локалното обвинителство работи на верзијата дека пукањето е поврзано со војната меѓу локалните криминални групи.

Најмалку четворица од повредените стоеле пред џамијата, додека седумгодишното девојченце ја погодило шрапнел додека седела со семејството во стан на вториот кат. Ниеден од ранетите не е сериозно повреден.