Осум загинати во пожар во Париз

0
140

Осум лица, меѓу кои две деца, загинаа во пожар, кој во вторникот изутрината избувна во станбена зграда во северниот дел на Париз.

 Агенцијата АФП, повикувајќи се на полициски извори, јави дека пожарот избувнал во 04.30 часот. Над 100 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот, а причините за неговото избувнување сѐ уште се непознати.

На местото на несреќата излегоа и францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев и шефот на полицијата Мишел Кадро.

Казнев изјави дека сѐ уште е рано да се каже што ја предизвикало трагедијата. /крај/