Осуммина повредени во пожар во Прилеп

0
765

Осуммина повредени од кои еден пожарникар со изгореници на лицето и материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Ова се последиците од пожарот што вечерва околу 19:30 избувнал при експлозија на плинска боца во зграда  во Прилеп, соопштуваат првично од службата за итна медицинска помош.

IMG_3481-Copy

Медицински екипи веќе два часа без прекин ги носат станарите од зградата до службата за итна помош во стрес и паника. Повредените се вон животна опасност и се наоѓаат на хируршкиот оддел во градската болница. Територијалната противпожарна единица се уште го обезбедува теренот а екипи на крим полиција и дежурен јавен обвинител ќе извршат увид за да ги утврдат точните причини за пожарот.IMG_3486-Copy