Осумнаесет мртви во новиот земјотрес во Јапонија

0
343

Бројот загинати по вториот земјотрес кој го погоди во саботата југозападот на Јапонија се зголеми на 18 луѓе, така што вкупната бројка смртно настрадани од двата земјотреса во последните два дена се искачи на 28 и околу две илјади хоспитализирани, објавија во саботата локалните власти.

Марико Курамицу, функционер во префектурата Кумамото, објави дека загинале шеснаесет лица. Универзитетот во овој регион на островот Кјушу потврди дека смртно настрадале уше две лица.

Системот за рано предупредување овозможил претходните денови во неколку наврати населението да биде известено неколку секунди пред ударите преку паметните телефони и медиумите. На мобилните телефони на сите жители во земјата овој систем испраќа продорен звук, па дури и доколку е исклучен звукот на уредот.

Во саботата попладнето по локално време, овој систем, воведен по катастрофалниот потрес од март 2011 година, предупредил за уште еден силен земјотрес со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, и објавена е опасност од цунами.

Земјотресот од саботата утрото по локално време со магнитуда од 7,3 степени, предизвикал и помала ерупција на вулканот Асо, од кој се издигнува столб од чад висок 100 метри, известија локалните власти. Јапонската метеоролошка агенција прогласи втор степен од опасност од ерупција на скалата од пет за овој вулкан кој во минатото веќе беше активен.

Властите јавуваат дека по новиот земјотрес од 760 луѓе побарале медицинска помош. Известено е и за штети во поширокиот регион, а пристигнуваат извештаи и за лица заробени во урнатините, за пожари и прекин на снабдувањето за електрична енергија, уривање на мостови и отворање дупки во почвата. Жителите кои живеат во близина на браната ги напуштаат своите домови поради страв од уривање.

Епицентарот на земјотресот е во близина на градот Кумамото, а потресот се затресе во саботата во 1,25 часот по полноќ на длабочина од само 10 километри. Пои него беше повлечено издаденото предупредување за опасност од цунами, а не е известено за нарушувањето на работата на трите нуклеарни централи.