Освен за кризата, се преговара и за името

0
185

Паралелно со преговорите за излез од кризата се разговара и за прашањето за името. Има некакви предлози за кои се разговара, но каков е тој предлог, тоа треба друг да го каже, изјави Мендух Тачи, претседателот на ДПА по денешната средба со американскиот конгресмен Елиот Енџел во Собранието на Република Македонија.

„Не верувам дека ќе се чека Викторија Нуланд за да се реши кризата, затоа што на тој начин ќе се девалвира процесот што го почна ЕУ. Верувам дека наредната недела ќе се дојде до решение. ДПА не е заинтересирана за преодна, политичка, концентрациона влада. Ние сме заинтересирани да учествуваме во институциите на системот за да се дојде до организирање на фер и демократски избори. ДУИ е веќе демаскирана како неутрален чинител во овие преговори за надминување на политичката криза. Тоа им е јасно и на сите во Брисел”, рече Тачи.