Осветен храмот Св.Петка во с.Путурус

0
5844

Во присуство на голем број на верници , неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагонски г.Петар викендов изврши осветување на манастирот Св.Петка во с.Путурус. Во годината од големиот јубилеј на МПЦ 50 години од возобновувањето на автокефалноста,  митрополитот Петар рече дека биле осветени три храмови, а до крајот на година најави дека ќе се осветат уште неколку храма.

После осветувањето на храмот се одржа и света божествена литургија.

Инаку Селото Путурус се наоѓа во котлината Пелагонија, североисточно од Битола и југоисточно од Могила.

Без коментари