Осветлен новиот мост

0
893

Мостот кој ги поврзува двете населби Јени Маало од едната страна на реката Драгор и населбите Кланица и Карпош од другата страна, доби осветлување. Во различни бои ја осветлува конструкцијата, но  и за побезбедно минување.

За овој мост беа потрошени околу 1,3 милиони денари пари од општинскиот буџет и пари од донатори.

Историјата вели дека  пред многу децении истиот постоел и бил од големо значење за жителите на овој дел од градот. После голема поплава во 1958 мостот бил урнат, но по барање на локалното население од двете урбани заедници, Даме Груев и Елпида Караманди, повторно ќе се олесни комуникацијата од двете страни на реката.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY