Освојуваат и донираат одбојкарките на Пелистер Волеј

0
1606

Одбојкарскиот клуб Пелистер од Битола организираше турнир во женска конкуренција на кој славеа актуелните шампионки од скопскиот клуб Јанта Волеј.

Во полуфиналните дуели Пелистер го совлада прилепскиот клуб 11 октомври со 2:0, додека Јанта Волеј со идентичен резултат ги надигра членките на Универзитет Гоце Делчев од Штип. Во финалето, Јанта Волеј славеше со 2:1.

Зад нив е една успешна сезона, ја почнаа новата со нови спортски сили.

Оваа година ќе се натпреварува во сите младински лиги на Р.Македонија. Во младинска конкуренција, оваа година ќе има три групи со по 4 екипи.
Од трите групи понатаму одат првите две и двете најдобро третопласирани екипи.

Во Кадетки ќе бидат формирани 4 групи од по 5 екипи и таму како минатогодишни Вицешампиони ќе бидиме носители на една од групите.Во категоријата пионерки исто во 4 групи од по 5 екипи, но поделени во зони.
Битолскиот тим за сега е сместени во зона со сите Тетовски екипи, но има можност и за Велешка зона. Ждрепката по групи ќе биди наредната недела.

Деновиве тие со една донација. Иако е клуб кој функционира со самофинансирање, донираа топки за потребите на училиштето Елпида Караманди во Битола.
Училиштево било оштетено и остана без своите топки, па велат дека ја почуствувавале потреба во рамките на нивните можности, први да помогнат да се обнови фондот на топки во училиштето.
Велат дека Елпида Караманди е училиштето кое по самото осамостојување на Р.Македонија прво почна да ја негува одбојката на едно повисоко ниво, уште во далечната 1991 г.
И самите почетоци на првиот клуб Пелистер, датираат од ова време, кој како клуб за прв пат почна да работи токму во Елпида Караманди.