Отчет за сработеното на градоначалникот на Демир Хисар Блажевски

0
444

Денес со отчет за сработеното за изминатите 4 години градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажеввски, меѓу другото тој во неговиот отчет рече :

Заедно со вас, издвоивме многу важна етапа од долгиот и макотрпен пат кон создавањето успешна, просперитетна и развиена општина. Сакам во оваа прилика да ве уверам дека, мене како градоначалник како и сите мои седумдецениски претходници, на тој пат не следеа бројни неизвесности и предизвици но и непоправливи желба, ентузијазам и пожртвувана посветеност да ги промениме и подобриме нештата.

Кога дојдов на оваа одговорна функција имав потполно јасна и дефинирана визија за равој на Демир Хисар, но и потполна определеност, знаење, стручност искуство и енергија за остварување на таа визија како моја најважна животна мисија.

Работата и животот во тешки и економско сложени времиња и финансиски неповолни состојби се голем предизвик, особено кога тој станува императив и врвен приоритет во напорите, животот на секој граѓанин да биде подобар, а општината да оди во вистински правец на напредок.

Под исклучително силниот притисок на ова големо време, се обидов, потрудив и да бидам малку нескромен-успеав, овие императиви да станат достижни, реални но и инспиративни за годините што следеа.

Мојата прва и најголема градоначалничка сатисфакција се случи и доживеа само неколку месеци по преземањето на функцијата кога, како резултат на долгите и макотрпни разговори, бројни иницијативи за градење нова доверба со сите дотогашни добавувачи, на 27 ми демекври 2013 та година, успеавме да ја деблокираме сметката на општината која што беше наследна состојба уште од ноември 2008 година со вкупен долг од 38.417.000 мил. ден. со 19 извршни решенија во вкупен долговен износ од околу 7 милиони денари. Во трошењето на парите од општинската каса, продолживме да постапуваме максимално внимателно и одговорно, во согласност со закон и во насока на законски утврдените обврски и редовните активности на буџетските корисници, а без при тоа да создаваме дополнителни непродуктивни трошоци.

Денес, четири години потоа, со задоволство можам да изјавам и соопштам дека во моментов не постои опасност општината повторно да западне во неликвидност, изјави Љупчо Блажевски градоначалник на општина Демир Хисар