Отчет за сработеното на градоначалникот на Ресен Стрезовски

0
287

Денес градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски имаше отчет за сработеното за изминатите 4 години во областа на инфраструктурата, образованието, културата и спортот.

-Изминаа повеќе од 4 години од локалните избори во 2013 година, кога ми беше дадена довербата да ја водам нашата Општина, со цел заеднички да ја направиме пристојно и просперитетно место за живеење.

Воден од девизата дека развојот на нашата локална заедница претставува фундамент за подобар живот на сите граѓани на Општина Ресен, заедно со локалната администрација максимално се посветивме во решавањето на проблемите и во справувањето со предизвиците со кои се соочуваме сите ние.

Со цврстата определба дека работата е таа која води кон подобро, застанав пред граѓаните на Преспа во 2013 година, барајќи ја нивната доверба. Вербата во развојот, сигурната иднина и пристојниот живот беа преточени во соодветна изборна програма составена од кохерентни планови и проекти и со визија како да се направи носечкиот развоен исчекор.

Иако во таа програма, која граѓаните на Општина Ресен ја изгласаа во 2013 година беа зацртани за реализација 77 проекти, во текот на четирите години исполнети со посветеност и ангажираност, успеавме да реализираме над 180. Работевме со сиот капацитет на подобрување на патната, комуналната, туристичката, спортската инфраструктура, на заштитата на животната средина, на промоцијата на преспанските културни вредности, на поттикнување на современото земјоделство, на развојот на образованието, на обезбедувањето услови за економски напредок, како и на многу други активности насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Општина Ресен.

Свесен дека секогаш може и повеќе и подобро, сепак без лажна скромност ќе го повторам она што денес го констатираат огромен број преспанчани – дека во изминатиов 4- годишен период во Преспа се реализирани проекти колку што не се реализирани неколку децении наназад заедно. Во изминативе 4 години во Преспа се инвестирани речиси 40 милиони евра, од кои добар дел за капитални проекти, од кои пак дел имаат историско значење за општината и нејзините граѓани, рече меѓу другото градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски.

Без коментари