Отишле на панаѓур и останале без возила

0
5809

Уште еден панаѓур во Битола. Го нарекуваат предвелигденски. И не е еднаш годишно, туку пред секој поголем празник. И постојано ова ја предизвикува јавноста, околу легалноста, законитоста, нелојалната конкуренција, изгледот времето и местото.

Последниве години се одржува на Дулие кај кружниот тек. За едни овој панаѓур е нелојална конкуренција, за други пак вистинско место да се купи нешто поевтино од она што е по пазарите и дуќаните низ Битола.

Купувачите си купуваат, дуќанџиите од Битола нервозни оти дуќаните им останале празни и купувач не влегувал.

Од она што го слушнавме, поучени од минатите искуства сега наводно во овој панаѓур си се сместиле и тезгаџии од Битола, за да не се случи да останат без промет.

И денеска во реакција до редакцијата на Тера рекоа дека бараат да се реши овој како што велат голем проблем. Ден по панаѓурот, велат дуќанџиите кои телефонски се јавија, дуќаните им останаа празни.


Парцелата е во приватна сопственост и со тоа општината нема никакви ингеренции, ниту пак приватникот има некаква обврска кон општината, така ни одговорија од општина Битола на нашето прашање за овој панаѓур.

Купувачи кои таму отидоа со своите автомобили останавле без нив. Дел од нив заради грешно паркирање заработиле казна и плус платиле за пајак службата за да можат да си го земат автомобилот.


Еден од нив ни напиша дека тринаесетина граѓани биле казнети. Она што иритирало бил фактот што иако голем број автомобиле биле погрешно паркирани, сите не биле казнети, туку само неколкумина. Реакцијата е за начинот на селекција што го правела полицијата при канзувањето. Неговата реакциија завршува со тоа дека сиромавиот два пати плаќа.

Од битолската полиција потврдија дека во текот на вчерашниот дел неколкумина возачи биле казнети за погрешно паркирање.