Откако не успеал да ја задуши баба си со перница, ја убил...

Откако не успеал да ја задуши баба си со перница, ја убил со боксирач

0 1119

На 13.04.2017 година околу 23.00 часот во Прилеп на ул.„Борка Медаро“, во куќата на К.М. (79), нејзиниот внук М.М. (30) влегол во нејзината спална соба и со перница се обидел да ја задуши. Истата се разбудила, почнала да дава отпор и успеала за момент да го оттргне од себе. Потоа М.М. извадил метален боксирач и неколку пати ја удрил во пределот на главата, по што истата починала. По еден час од настанот М.М. сам се пријавил во ПС Прилеп. Смрт е констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп. М.М. е задржан во полициската станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Коментарите се затворени.