Отказ за 11 полицајци поради упадот во Собранието

0
430

Единаесет припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) добиле отказ поради упадот и насилството кои се случија во Собранието на 27 април, кога беа повредени неколкумина пратеници и новинари.

Според информации од МВР, завршена е дисциплинската постапка На 11 полицајци врачени им се отказни решенија, откако е завршена дисциплинската постапка, според информации од МВР. Дополнително треба да бидат донесени дисциплински мерки и за други постапки поврзани со насилството во Собранието.

По „крвавиот четврток“,   и јавното обвинителтсво ги расветлуваше настаните од 27 април, и во меѓувреме беше покренато обвинение за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, додека напаѓачот на пратеничката Радмила Шекеринска беше осуден на четири години затвор.