Отказ за коментатор на Си-Ен-Ен поради нацистички поздрав

0
256

Телевизијата „CNN“ го отпушти коментаторот Џефри Лорд, поради нацистички поздрав во неговиот приватен блог во Twitter, соопштуваат американските медиуми.

Лорд, кој има цврсти конзервативни ставови, се обрати во личен блог на Twitter кон шефот на невладината медиумска организација „Media Matters for America“, ​​Анџело Карозоне со нацистички поздрав.

„Нацистичките поздрави не можат да бидат оправдани. Џефри Лорд веќе не работи во телевизијата“, се вели во соопштението на „CNN“.
Самиот Лорд рече дека неговата порака била сфатена погрешно. Според него, тој ги исмејувал нацистите, а не ги поддржувал.

Без коментари