Отказ за снимателката која удираше по мигрантите

0
1748

На снимка на унгарската телевизија N1TV се гледаат полицајци како стигнуваат еден човек со дете во прегратки, откако снимателката му става сопка и тој паѓа на земја. На друга снимка се гледа како снимателката шутира еден млад човек, а потоа и една девојка од бегалците.

Снимателката од унгарските медиуми беше идентификувана како Петра Ласло, по серијата инциденти за кои доби отказ, јавија агенциите.

„Една колешка од N1TV денес се однесуваше неприфатливо во прифатниот центар Реске“, објави на „Фејсбук“ главниот и одговорен уредник на таа телевизија, Саболч Кисберк. Според него, нејзиниот договор за вработување бил веднаш поништен и за N1TV, предметот е затворен.

Без коментари

LEAVE A REPLY