Откажаа повредените Јоноски и Миркуловски, за турнирот во Умаг повикан и Дрогришки

0
476

На меѓународниот турнир во Хрватска на кој Македонија ќе учествува идната недела, ќе мора да се соочи со нови откажувања и нови дополнителни повикувања. Поради повреди турнирот во Умаг наредниот викенд ќе го пропуштат интернационалците Филип Миркуловски и Ацо Јоноски. Миркуловски подолго време има проблеми со повредата, па поради тоа селекторот реши да го ослободи од обврските, додека Јоноски вчера му соопштил дека е повреден и дека му престои двенеделна пауза. Селекторот Обрван претходно во репрезентацијата го повика Дарко Димитриевски, а по откажувањето на Миркуловски и Јоноски, повик доби младиот ракометар на Пелистер, Стефан Дрогришки. На турнирот во Умаг противници на Македонија ќе бидат селекциите на Хрватска и Црна Гора.

Без коментари

LEAVE A REPLY