Откажана прославата на Денот на АРМ

0
383

Министерството за одбрана ги откажа сите активности околу прославата на Денот на АРМ – 18 Август, поради поплавите во скопскиот регион.

Оваа информација вчера за „Утрински весник“ ја потврди и ресорниот министер, Зоран Јолевски, кој рече дека „не е време за славење“.

На ваквата одлука претходеа откажувања на дел од поканетите, а генералот во пензија, Илија Николовски, упати и отворено писмо до министерот за одбрана, во кое вели дека со целосна почит кон традицијата на великите денови на државноста и самостојноста на Република Македонија, сепак, нема да се појави на прославата на 24. роденден на Армијата, иако е таму од првите денови.