Откриен е идентитетот на напаѓачите во Брисел

0
434

Белгија е во тридневна жалост по вчерашните бомбашки напади во кои животот го загубија 32 лица а 230 се повредени. Браќата Калид и Брахим Ел Бакрауи се двајцата бомбаши-самоубици што вчера се разнесоа со експлозив на Националниот аеродром “Завентем“ во Брисел. Белгиската полиција интензивно трага по третиот напаѓач,25 годишниот Најим Лашрауи, кој во последен момент, се предомислил и го соблекол појасот со експлозив и побегнал од аеродромот. Тројцата терористи кои се од Брисел, пристигнале на аеродромот со такси-возило, што го потврдил и возачот кој е сега клучен сведок. Токму таксистот и ги одвел белгиските истражни органи во бриселската населба Скарбек, каде терористите се качиле во таксито, а каде белгиската полиција подоцна во стан пронајде уште една бомба и знаме на ИД. Како што пренесуваат белгиските медиуми, браќата и биле од претходно познати на полицијата за организиран криминал, но досега не биле обвинети или осомничени за акт на тероризам. Според истрагата, еден од браќата, под лажен идентитет изнајмил стан во населбата Форест во Брисел, каде минатата недела беше уапсен еден од најбараните светски терористи, Салах Абдеслам.

Без коментари

LEAVE A REPLY