Откриен камп за обука на џихадисти на ИД за напади во Европа

0
290

Камп на Исламската држава за обука на џихадистите за напади во Европа е откриен во Сирија, објави загрепскиот весник „Вечерни лист“. Се наведува дека за две и пол години работа на кампот на подрачјето на Европа префрлени се повеќе од 50 терористи, повеќето од нив од балканската рута.

„Џихадист, заробен во неодамна ослободениот ирачки град Мосул, на истражителите им открил податоци за камп за обука на терористи, кои имале задача да изведат терористички напади во Европа. Како што тврдат ирачките истражители, се работи за доста високо позициониран терорист кој бил оженет за неговата сестра, еден од најблиските соработници на калифатот Абу Бакр ал Багдади“, наведува „Вечерни лист“. Тој им рекол дека тој камп се наоѓа на подрачјето на Сирија.

Како што се наведува, таа единица била координирана со симпатизери на терористичката организација ИД, кои регрутирале преку интернет во цела Европа. За две и пол години работа на кампот, само на подрачјето на Европа се префрлени над 50 терористи, кои чекаат наредба за акција, тврди весникот, наведувајќи дека џихадистот открил оти нападите во Париз и Брисел во 2015 и 2016 година ги извеле терористи што завршиле обука токму во тој камп.

http://makfax.com.mk

Без коментари