Откриен мозаик во дворот на Ректоратот во Битола

0
790

Во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола денеска беше откриен мозаик со логото на УКЛО и јубилејот 1100 години од упокојувањето на патронот. Мозаикот го промовираа ректорот на Битолскиот универзитет Сашо Коруновски и академик Гзанфер Бајрам.

Мозаикот го изработија студенти на УКЛО и членови на граѓански организации што се занимаваат со традиционални занаети и ракотворби.

– Учесниците на работилниците изработија три мозаици, еден е во дворот на Ректоратот, вториот е во дворот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а третиот на Институтот за старословенски јазик и култура. Изработката на мозаиците ќе ги мотивираат студентите да изработуваат мозаици, а гостите на УКЛО да се восхитуваат на мајсторството во Битола како град на мозаици, изјави Сашо Круновски  ректор .

– Вредностите ги откопуваме, а не да ги закопуваме и затоа правиме мозаици со временски димензии. Кога го лиевме мозаикот, дел од изработувачите фрлаа паричка во смесата што се лие налик на временска капсула, со цел да стават некакво обележје, изјави академик Гзанфер Бајрам.

Без коментари

LEAVE A REPLY