Откриена е причината за смртта на легендарниот Мухамет Али

0
1016

Позната е причината за смртта на легендарниот боксер Мухамет Али, кој почина во ноќта меѓу петокот и саботата во 75-та година од животот. Имено, станува збор за септичен шок предизвикан од „неутврдени природни причини“, соопшти портпаролот на семејството на боксерот Боб Ганел.

Според Ганел, Али, кој страдаше од Паркинсонова болест која му беше дијагностицирана по завршувањето на кариерата во 1984 година, починал во петокот во 21.10 часот по локално време (3.10 часот во саботата по средноевропско време).

Неколку дена претходно, Али бил хоспитализиран во болница во Феникс, поради проблеми со белите дробови. Портпаролот додаде дека последните часови од животот славниот боксер ги минал опкружен од семејството.