Откриена „фабрика за бебиња” во Индија, се продавале од 750 до 1.500 долари

0
496

Уапсени се петмина кои учествувале во трговијата со деца во Индија.

Тие се обвинети за „продажба на луѓе како робови”.  Индиската полиција откри „фабрика за бебиња”, која постоела во градот Гвалиор, објавија локалните власти.
Уапсени се петмина осомничени, меѓу кои и директорот на болницата, како и родители кои купувале децата. Подоцна се  раширија и снимки на кои се гледаат некои од бебињата кои биле приготвени за продажба. Властите велат дека тоа се деца кои се родени како последица на силување, или пак биле непожелни. Се продаваат за сума меѓу 750 и 1.500 долари.
На уапсените им се заканува казна затвор од 10 години.

Без коментари

LEAVE A REPLY