Откриена нова планета слична на земјата

0
371

После 15 години истражување на соѕвездијата, астрономите го потврдија постоењето на карпеста планета, оддалечена само 4.2 светлосни години од Земјата, би можела да биде погодна за живот.

Во последниве години астрономите особено членовите на Кеплер мисијата на НАСА, пронаоѓале вакви планети. Меѓутоа највозбудливо е тоа што се наоѓа на растојание од 4.2 светлосни години од Земјата, што во вселенски услови е доста блиску. Постои можност да стане достапна за луѓето после неколку децении.

Гуилем Англада-Ескуде, астроном од Универзитетот кралицата Марија, и лидер на овој тим вели дека долго време знаат дека многу ѕвезди кружат околу оваа планета. „Некако очекувавме дека блиските соѕвездија може да имаат ваква планета. Но, таа е најблиска и токму затоа сето ова е толку возбудливо“, вели тој.

Научниците уште долго време треба да се посветат и да ја истражуваат. Засега отворени се сите можности – може да е исто како на Земјата, може да е пеколно како на Венера или ладно и суво како на Марс.

Научниците дошле до ова откритие откако ја проучувале ѕвездата Проксима Кентаури од европската јужна опсерваторија во пустината Атакама во Чиле. Тим од 30 експерти, го забележал малиот замав во движењето на ѕвездите и открил дека на нејзината стабилност влијае гравитацијата на друго тело.