Откриена сперма стара 50 милиони години

0
374

Научници од Шведскиот природно-историски музеј пронајдоа животинска сперма стара 50 милиони години во фосил на црв од кожурец, што претставува најстара пронајдена сперма во светот до сега.

Фосилизираната сперма бил забележана од триесет и петгодишниот научник Бенџамин Бомфлер, роден во Германија, кој работел со интернационален тим колеги, при што користеле високотехнолошки микроскоп за испитување на фосилизираниот кожурец, откриен на Островот Сејмур, на Антакрктичкиот полуостров, од страна на аргентинска експедиција.

Се верува дека фосилот е сочуван 50 милиони години и може да помогне истражувачите да дознаат повеќе за еволуцијата на Земјата, како и за еволуцијата на кожурците и на црвите, кои фосилизирани може да бидат и потенцијална стапица за микроорганизми.

Откако го објавиле откритието во весникот Biology Letters, во средата, веста глобално се прошири во четвртокот, а Бомфлер вели дека почнала лавина од интерес од меѓународни весници.

„Да се најде сперма, толку стара, е чудно изненадување…. или дури и бизарно, ако сакате“, вели тој. „Знаеме дека станавме светски интересни затоа што се работи за сперма, а не за некој друг материјал, но не ни е гајле, се уште е добра вест дека стигнавме во медиумите“, вели Бомфлер.

„Ме бараа од Washington Post, од New York Times и од високо рангирани стручни списанија, но овде во Шведска не се толку заинтересирани за нас…. Сите се на одмор овој период, дури и одделението за односи со јавност во Музејот, па се уште не сме ставени во `акција`, ако ме сфаќате“, додава тој.

Келии на сперма многу ретко се наоѓаат во фосилни остатоци. Според магазинот Nature, најстара животинска сперма, откриена пред оваа е спермата на вид инсекти најдени во килибар, за која се смета дека е стара 40 милиони години. Сепак, многу постара растителна сперма е најдена во фосили ископани во Шкотска, која датира наназад 400 милиони години.

Бомфлор за The Local вели дека спермата најдена на Антарктикот можела да преживее толку долго благодарение на излачувањето секрети на црвот, што во кожурецот формирало мукус, кој подоцна се стврднал и биолошки ја заклучил.

„Се уште не знаеме каков црв бил овој, но се надеваме дека во понатамошните истражувања ќе ни даде повеќе информации за видот животно кое формирало кожурец“, вели тој.

Палеонтологот живее во Стокхолм две години, а претходно работел како истражувач во САД. Неговиот глобален тим вклучува уште еден Германец, Италијанец, Аргентинец и Австралиец./крај/тл/бб