Откриени 70.000 формулари за дупликат возачки дозволи

0
431

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави нови злоупотреби на лични документи извршени од МВР. Тој вели дека во магацините на МВР се пронајдени 70 илјади обрасци за дупликат возачки дозволи, кои не биле заведени во магацинскиот компјутер. Спасовски се сомнева дека со нив е можно да се правело обид за злоупотреба на идентитетот на граѓаните. Претходно, Спасовски информира дека открил дека МВР незаконски им издало лични карти на повеќе од 400 жители на Пустец за да може да гласаат на избори во Македонија.