Откриени нови пештери на Галичица

0
439

Спелеолозите открија нови, досега неистражени пештери на планината Галичица. Едната се наоѓа во близина на пропаста Рблок во Елшани, два километри во планината, а другата Роденденска пештера во околината на Трпејца.

Едната пештера била откриена во рамки на првиот спелеолошки камп што се одржа овој месец во организација на СК „Златоврв“ – Прилеп и „Ботом тајм“ – Охрид. Спелеозите сметаат дека со обележување на патеките би се обезбедиле локалитетите, а со дополнително осветлувањ би се оспособиле многубројните пештери за развој на спелеолошки туризам.

„Дел од тие пештери се затворени, некои физички бидејќи има во нив колонии на лилјаци за да се заштитат, за да не се вознемируваат, но има пештери кои не се населени од колнии на лилјаци и кои можат да се посетуваат“, рече Никола Паскали од „Ботом тајм“, потенцирајќи дека пештерата кај Елшани не е премногу туристички предодредена, односно е ризична за обични посетители и потребна е опрема и подготвеност од одрони.

Моментално една од најпосетуваните пештери на Галичица е Саматска дупка. Посетата на нејзината внатрешност е можна само со водич од паркот. Но, со мапирање на пештерите би станале поатрактивни и подостапни за туристите.

 Последен пат пештерите на Галичица биле истражувани во 60-те и 70-те години од минатиот век. На јавноста и се познати десетина, но се претпоставува дека во националниот парк ги има најмалку пет пати повеќе.
www.mkd.mk