Откриени првите фалсификати на новата безбедна серија од 10 евра

0
487

Италијанската полицијата објави дека во понеделникот во близина на Неапол открила големо количество фалсификувани банкноти од 10 евра изработени според новите апоени со дополнителна безбедносна заштита, кој аво општек беше пуштена на 23-ти септември и  чија цел беше токму да се спречи фалсификувањето на заедничката европска валута.
„Станува збор за прво запленување на фалсификати од новата серија од банкнотите во Европа“, објави италијанската финансиска полиција во соопштение. Неапол, инаку, е познат како центар на фалсификувањето пари во европски, па и во светски рамки.

Полицијата објави и дека уапсила 39-годишен маж во неделата по потера во североисточното предградие Казориа. Мажот со автомобилот се забил во полициско возило коешто му го попречило патот, а во возилото полицајците откриле повеќе од 500.000 евра во лажни банкноти.

„Прелиминарните проверки на банкнотите покажуваат дека се со извонреден квалитет и може лесно да го измамат кој и да ги прими“, се додава во соопштението на италијанската Guardia di Finanza, но не се прецизира вкупната сума запленети евра./крај/мф/сн