“Откријте ја Пелагонија”

0
253

Во текот на септември и октомври во општините низ Пелагонискиот регион ќе се организира месецот на авантура “Откријте ја Пелагонија”. Негова цел е промоција на Пелагонија, пред се, пред домашните туристи како дестинација за авантуристички туризам односно дестинација кој нуди туристички производ што вклучува физичка активност, природа и локална традиција/култура.

11988691_979655215420067_4716723825716581664_n

Во рамките на месецот на авантура во Пелагонија ќе бидат организирани, промовирани и одржани 10-тина настани кои во себе содржат повеќе од 20 спортско-рекреативни и културни активности наменети за сите категории на посетители.

11215091_979656308753291_8523143865038781123_n

Месецот на авантура во Пелагонија е организиран од широка платформа на јавен, приватен, невладин и донаторски сектор. Партнери во организацијата на настаните се општините во Пелагонија, Проектот за експанзија на мали бизниси кофинансиран од УСАИД и Швајцарската развојна агенција, спортски клубови, здруженија на граѓани и локалното население од регионот.

12009784_1000390513315489_5456181292826884133_n

Трката Стење- Коњско- Стење во должина од 16км, веќе започна. Во меѓувреме се реализира активноста качување по карпи.

11863503_979655322086723_4897407953856308145_n