Отпечаток од прст за регистрирање, па гласање

0
263

Партиите на вчерашниот состанок во Клубот на пратеници ги допреа прашањата поврзани со изборната регулатива и гласањето на дијаспората. Трите часа разговор не беа доволни за некој суштински договор, но воспоставена е рамка по која треба да се движат.

 Партиски извори брифираат дека со посредство на претставниците на ЕУ, ОБСЕ и на САД се разговарало за ревизија и за намалување на Избирачкиот список како и за начинот на кој дијаспората треба да гласа на следните парламентарни избори.

Предлогот на невладината МОСТ, кој бил поддржан од претставниците на ОБСЕ, бил три месеци пред изборите сите заинтересирани гласачи кои сакаат да излезат на гласање да се регистрираат и тоа со отпечаток на прст, кој на денот на изборите ќе биде проверуван за да се избегнат можните злоупотреби.

Партиите за овој предлог не биле докрај прецизни дали го прифаќаат или не.

Околу гласањето на дијаспората, исто така, се водела жестока полемика и предлозите оделе од тоа гласањето на иселениците целосно да се укине, па до тоа процесот да претрпи измени.

Без коментари

LEAVE A REPLY