Отпорот на Пелистер само половина полувреме, бодовите очекувано за Металург

0
3309

Пелистер – Металург 19:27 (8:11)

Спортска сала „Младост“ – Битола. Гледачи: 1.500

Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски (Скопје)

Пелистер:

Арсиќ, Даниловски, Стојановски, Дрогришки, Тодоровски 1, Борј. Маџовски 1,Гинов 3, Илиевски, Макрудов, Топиќ 8, Крстевски, Митревски 1, Христов, Чачиќ 2, Ивановски, Вељановски, Николиќ 2, Димитровски 1

Седмерци: 6/4

Исклучувања:  6 минути

Металург:

Дупјачанец , Вуковиќ, Божовиќ 5, Бувиниќ, Костески 2, Крстевски, Кукоски 2, Кузмановски 4, Бој. Маџовски 1, Матиќ 4, Матијашиќ 1, Петров 3, Талески 1 , Велковски 2, Палевски 2

Седмерци: 2 /2

Исклучувања:  10 минути

 

Пелистер половина полувреме му даде отпор на поквалитетниот тим на Металург, за потоа да се одбие од зидот на скопјани, кои покажаа сериозност и на крај мирно го приведоа мечот кон крај. Момците на Николовски влегоа мотивирано и играа многу агресивно во одбраната, со стриктно чување на Јанко Божовиќ. Постојано водеа до 20 минута, но направија груба грешка што со два-три промашени зицери го разбранија Дупјачанец. Прилепчанецот беше инспиратор на пресвртот, по кој одбраната на Червар многу подобро се организира, а стигнуваа и инвидуалните блесоци во нападот. Во финишот на првиот дел, Кузмановски и Божовиќ ја направија разликата од +3 на тимот од Автокоманда.

Во вториот дел, уште од стартот гостите покажаа амбиција што е можно побрзо да го решат прашањето на победникот. Така одбраната лесно ги неутрализираше битолчани, а брзите контри доведоа до огромни 12:22 во 47 минута. До крајот распоредување на силата и на минутажата и рутинска победа на фаворитот од 19:27. Во тимот на Пелистер единствена светла точка беше Топиќ со 8 гола, а Металург одигра колективно и разноврсно. Објективната битолска публика со аплауз ги награди двете екипи за борбата и витештвото. Пелистер бодови и прекинување на лошата серија ќе бара овој викенд против Металург 2 во Скопје.