Отсечени три села заради свлечишта по невремето кое го зафати тетовско

0
381
Бродец, Бозовце и Вешала се трите села кои се отсечени заради свлечишта по невремето кое го зафати тетовско. Само неколку дена од годишнината од невремето во август минатата година, повторно некои тетовски села се соочија со наноси од кал, дрвја и камења. Жителите на Шипковица велат дека невремето било слично како и она од минатата година, но траело само 15 минути.
Од локалната самоуправа и од противпожарната територијална единица веднаш излегоа на терен. Со потребната механизација започна расчистувањето на свлечиштата кон трите отсечени села. Од дирекцијата за заштита и спасување информираа дека е формирано координативно тело.
Невремето започна околу 15 часот и го погоди речиси целиот Полошки регион. Освен трите отсечени села, наместа поплавен е и патот кон Попова Шапка, додека пак во Голема Речица е само покачен водостојот во речните корита. Според најавите, ваквото време ќе продолжи и наредните денови, па надлежните информираа дека постојано ќе ја следат ситуацијата.