Отсега и Битола може да се пофали со Сони продавница

0
2492

Во Битола на Широк Сокак, сите оние кои излегоа на саботно кафе, имаа можност да се фотографираат со Плеј Стејшн портабл, да ги објавуваат фотките на Facebook со хаштагот SonyGalerija Битола и да се натпреваруваат за вредни награди.

Настанот предизвика голем интерес кај Битолчани. Зад настанот стои маркетинг агенцијата MY CREATIVE TEAM која го осмисли овој интересен концепт по повод отворањето на новиот продажен салон на Sony Галерија во Битола. Оваа промоција беше насловена како Следи ги знаците до Сони Галерија и токму знаците не однесоа до продажното место каде имавме можност да се запознаеме со се она што го нуди Sony Галерија. Се уверивме дека Битола доби ултра модерен салон во кој сите љубители на технологијата и трендсетери кога гаџетите се во прашање ќе имаат прилика да уживаат и да го пронајдат вистинското за нив.

Тие се тука за да го задоволат и најпребирливиот вкус. Во продажниот салон на Sony Галерија посетителите ќе имаат ексклузивна можност да ги запознаат брендовите Sony, PlayStation, Skylanders (скајлендерс), BOSE (Боус), и ALLVIEW (олвју) Mobile (мобајл).

На купувачите на распологање им се играчки конзоли, телевизори, домашни кина, фотоапарати, мобилни телефони, таблети, аудио опрема и галантерија, а за најмладите ги имаат мега популарните Скајлендерси.

Добитниците од наградната игра се – Сара Марковска доби Сони фотоапарат, Дарко Османовски доби Олвју таблет, Владимир Стојковски доби Сони слушалки .

Добитниците може да си ги подигнат наградите со документ за идентификација во продажното место на Сони.

Па, Битолчани, сега конечно можеме да се пофалиме дека го имаме најдобриот салон на Sony, и ги следиме светските трендови.