Отстранети барикадите во Ереван, 46 демонстранти се уапсени

0
128

Ерменската полиција ги отстрани барикадите подигнати од демонстрантите против цената на струјата на булеварот “Баграмјан” во центарот на Ереван во Ерменија, соопшти РИА Новости. Откако со ѓубре и кофи беа целосно го укинаа сообраќајот, демонстрантите почнаа седечки протест. Во акцијата на полцијата приведени се 46 лица.
Заменик-шефот на полицијата на Ереван Валериј Осипјан им предложи на демонстрантите да ги напуштат сами сообраќајнците, но лидерот на протестот Давид Санасарјн одбил. Во саботата Санасарјан даде ултиматум на властите, според кој, ако нивните барања не бидат исполнети, тие ќе започнат секој ден да преместуваат барикадите си се поблиску до резиденцијата на претседателот.