Отворен ден на Агнеса и Кнауф Македонија во Битола

0
743

Агнеса е компанија која на пазарот се појавува уште во 2000-та година и располагаат со широка палета на производи.

Заедно со Кнауф Македонија, го одржаа Отворениот ден на Кнауф.

На истиот сите присутни имаа можност да побараат совет, да се едуцираат за новите материјали.

Компанијата Кнауф е основана во 1932- та година, а во Македонија успешната приказна ја развива од 1994 и денес е една од водечките европски производители на градежни материјали.

Оваа компанија произведува комплетни градежни системи. Тие го поедноставуваат проектирањето и изградбата, нудат потполни решенија и обезбедуваат квалитетна сигурност. И покрај традицијата и довербата, нивен најсилен адут е контролата на производите. Кнауф уште од почетоците редовно е носител на т.н. Печат за здрав материјал издаден од Германија.

Од првата гипсара на Сар и Мајна, Кнауф се прошири и се разграни во светска корпорација со повеќе од 150 фабрики, во повеќе од 50 земји.

Настанот во Битола беше наменет за инвеститори кои што сакаа да се уверат во квалитетот и економскиот ефект на сувата градба, мајстори кои што сакаа да ги зголемат нивните знаења и познавања како и да се запознаат со новите Кнауф производи, исто така и за сите заинтересирани кои сакаат да ги направат нивните домови подобри места за живот .За сите присутни беше организиран и богат коктел.

Кнауф е многу повеќе од производител и продавач на

квалитетни гипсени малтери, плочи и слично: Кнауф нуди современ

градежен концепт за иднината.

Без коментари

LEAVE A REPLY