Отворен ден на битолскиот универзитет

0
610

Eдиниците кои што функционираат во рамки на битолскиот универзитет тргнаа во потрага на нови студенти. Со свои штандови и со информации за студиските програми, на плоштадот Магнолија зедоа учество на отворениот ден на УКЛО. Идните студенти имаа можност да се запознат со студиските програми кои што ги нудат факултетите, а пак оние кои што веќе студираат, по завршувањето на студиите велат дека иднината ја гледаат во Македонија
-Доста е интерсно и мислам дека ќе најдам некоја информација која се уште ме држи во дилема на кој факултет да се запишам, вели идна бруцошка.

-Ова е одлична прилика да се запознаеме со понудата согласно со нашите можности, вели идна студентка.

Сите заинтересирани посетители добија информации за можностите за добивање стипендии, остварување мобилности и вонаставни активности на УКЛО.Ректорот на идните студенти им порача внимателно да одбераат на која институција ќе и ја доверат својата кариера.


-Манифестацијата „Отворен ден на УКЛО“ има за задача да ги претстави потенцијатлите на нашиот универзитет пред новите студенти. Тоа е само еден вид на наша презентација, со цел сите оние заинтересирани за високо образование да дознаат што е УКЛО, што тој нуди и како може да одговори на нивните потреби. Сите оние кои што претендираат кон високо образование добро да размислат кога ќе аплицираат и кога ќе стартуваат со своите кариери, добро да размислат на која институција ќе и ја доверат својата кариера, затоа што се она што се нуди на пазарот не е адекватно на начинот на кој што се нуди. УКЛО со својата долгогодишна традиција стои зад квалитетот и за понудата, која што во целост гарантира дека ќе биде реализирана, изјави Проф.Д-р.Сашо Коруновски, ректор на битолскиот универзитет.


За атмосферата на отворениот ден на УКЛО на плоштадот Магнолија се погрижи групата Brass Brothers.