Отворен ден на УКЛО

0
697

11 те единици кои што функционираат во рамки на Битолскиот Универзитет тргнаа во потрага на нови студенти. Со свои штандови и со информации за студиските програми, викендов на плоштадот Магнолија зедоа учество на отворениот ден на УКЛО кој што го организираше по повод 37 години од формирањето.

– Денес имаме отворен ден, што значи сакаме4 нашата образовна понуда да ја приближиме до идните наши студенти за да бидеме меѓу нашите академци. Можам да порачам дека Универзитетот во Битола е една од врвните видокообразовни институции во Македонија, така било и така ќе биде, затоа што веќе 4 децении постоиме . Нашиот ентузијазам го темелиме врз она што зад нас останало како долга традиција на високо образование што го нудиме , и она што денес стои како како висок квалитет и потенцијали за развој на нашиот Универзитет,  изјави проф.д-р Сашо Коруновски ректор на УКЛО

-Техничкиот факултет денеска на отворениот ден на Укло ги презентира своите студиски програми. Само за прв циклус имаме 10 студиски програми. Интересот ако порано бил за електротехничката струка сега се повеќе и повеќе студентите бираат да студираат на машинската струка, изјави проф.др Верица Данчевски Техничи факултет

Економскиот факултет нуди 7 студиски програми , интересот е константен, запишуваме од 230 до 250 студенти. Најголем интерес привлекуваат банкарство и финансиски менаџмент. За идните бруцоши имаме и нови студиски програми, изјави доц.д-р Дејан Здравески, Економски факултет Прилеп

-Ние како факултет нудиме 5 студиски програми, општа медицинска сестра, медицинско лабараториски аналитичар, физиотерапевт, акушерки и радиолошки технолог. Интересот од година во година е се поголем, изјави проф.д-р Домника Рајчановска, ВМШ-Битола

За атмосферата на отворениот ден на УКЛО на плоштадот Магнолија се погрижи групата Брас брадерс.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY