Отворен фестивалот „Браќа Манаки“

0
886

На свеченото отворање на годинашното издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ на актерите Бруно Ганц и Алексеј Серебјаков им беше доделена специјалната награда „Златна камера 300“, која се доделува за посебен придонес во филмската уметност.

12003180_10153751198049406_2235232703922980485_n

Кинематограферите Ришар Ленчевски и Божидар Бота Николиќ ја добија наградата за животно дело. Фестивалот го отвори покровителот на манифестацијата Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, а пред присутните се обратија директорот на фестивалот Димитар Николов – Таки, градоначалникот на Битола, Владимир Талевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

12043196_10153751199444406_7678075453921588317_n

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која Друштвото на филмските професионалци ја доделува за особена придонес во македонската кинематографија годинава му беше доделена на Дарко Марковиќ