Отворен фестивалот на италијански филм во Битола

0
456

Амбасадата на Р.Италија во Скопје и Јазичното студио ЛИНГВА, во соработка со НУ Центар за култура Битола, го организираа Фестивалот на италијански филмови во Битола- FINESTRA SUL CINEMA ITALIANO, во рамките на XVII Недела на италијански јазик во светот.

Фестивалот го отвори Н.Е. г-н Карло Ромео, амбасадор на Р.Италија во Р.Македонија.

Од синоќа до 22 октомври секоја вечер во 20.00 часот во малата сала на Центарот за култура Битола ќе бидат прикажани повеќе филмови кои ја прикажуваат богатата италијанска кинематографија.
Фестивалот беше отворен со филмот Со затворени очи, а во наредните денови ќе се прикажат Простете што постојам, Виногрев, Споулавен од жени.