Отворен третиот мост на Босфор

0
246

Во Истанбул свечено е отворен и пуштен во употреба третиот мост преку Босфор „Јавуз Султан Селим“, наречен по султан од 16. век, а со кој по третпат се поврзуваат Европа и Азија.

Според турските власти, тоа е најдолгиот висечки мост со железнички систем во светот. Долг е 1,4 километри, широк 59 метри и ќе има осум сообраќајни ленти и двонасочна железничка пруга. Изградбата чинеше 900 милиони евра. Пилоните на мостот високи се 323 метри, што ги става во рангот на Ајфеловата кула (324 метри).

Се очекува мостот да го намали сообраќајниот метеж во Истанбул и да го олесни проблемот со загадувањето на воздухот во градот. Дневно ќе го преминуваат околу 135.000 автомобили. Мостарината за автомобилите кои ќе минуваат од европска кон азиска страна ќе изнесува три евра, а во обратен правец нема да се наплатува.