Отворени младинските олимписки игри во Лилехамер

0
343

Во норвешкиот Лилехамер, во петокот, свечено беа отворени вторите младински Зимски олимписки игри. Македонското знаме на отворањето го носеше нордиецот Ставре Јада.

Македонија на вторите младински ЗОИ, покрај Јада, кој ќе се натпреварува во крос кантри, во дисциплините спринт и класично, ќе ја преставува и Лука Божиновски кој ќе настапи во сите дисциплини во алпско скијање.

Во Лилехамер ќе учествуваат спортисти од 71 држава, а ќе бидат поделени 70 комплети на медали. Младите спортисти ќе се натпреваруваат во 15 спортови.

Вторите младински ЗОИ ќе завршат на 21.февруари.