Отворени се сите избирачки места

0
625

Според првичните информации од Државната изборна комисија сите избирачки места се отворени и досега нема ниту една пријава за некакви проблеми во однос на отворањето на избирачките места во 7 часот.

Првата конференција за медиуми ДИК ќе ја има во 11 часот.

Изборите се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици.

Број на гласачи по изборни единици: ИЕ 1: 295.948;  ИЕ 2: 306.471;  ИЕ3: 280.727;  ИЕ 4: 282.537;  ИЕ 5: 290.433;  ИЕ 6: 307.817.

Речиси еден милион и 800 илјади полнолетни граѓани според избирачкиот список денеска имаат можност да ја исполнат својата граѓанска должност, да гласаат на предвремените парламентарни избори. Од нив околу 230 илјади се заведени на посебен избирачки список. Изутрината во 7 часот започна гласањето во 3480 избирачки места во Македонија, кои ќе бидат затворени во 19 часот.