Отворените случаи на СЈО се политички конструкции

0
395

„СЈО е инструмент во рацете на СДС за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Целта на постоење на СЈО e креирање на материјал за оцрнување на ВМРО од страна на медиумите под контрола на СДС.

Сите отворени случаи од СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тенк, ТНТ, Транспортер, Тендери и останатите се во целост политички конструкции кои немаат врска со правото. Обвиненијата по истите се без никакви докази, крајно неаргументирани, со намера да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС.

Прес конференциите на СЈО беа идентични со партиските пресови на Зоран Заев, чиј наратив во целост го презедоа. Не може да има докази затоа што нема криминал. Се е една голема конструкција и политичка хајка. Од спектакуларните најави и обвинувања за криминали тешки милијарди евра, остана едно големо ништо. Ниту еден од лицата кои се политичка цел на СЈО не остварил ниту денар против правна имотна корист. Тие се цел на Заев и СЈО само затоа што реализирајќи проекти од полза на граѓаните, наводно имале политичка корист.

Ова не е право и правда, ниту има каква било допирна точка со правото и правдата. Ова е политика.

СЈО е обична политичка алатка со ограничен рок на траење. СЈО и сите субјекти во државата треба да знаат дека правораздавање во Република Македонија се врши согласно Устав и закон, во правична и законска постапка, секое постапување кое е во спротивност со овие стандарди значи кривично дело, за кое се одговара согласно закон и од тоа неможе да избега никој, иако тоа од денешен агол да му изгледа далечно и недостижно“ вели Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.

Без коментари