Отворено повеќенаменско игралиште во Ресен

0
958

Во ресенската населба Црквиште беше пуштено во употреба 52-то спортско повеќенаменско игралиште како дел од владиниот проект ”100 Повеќенаменски игралишта”. До крајот на оваа година се очекува уште осум игралишта од овој тип да бидат ставени во функција во Република Македонија.

-Се работи на концепт на создавање на психо-физичка здрава младина која ќе биде отргната од пороците на модерното живеење и токму во таа насока ќе продолжиме во иднина да работиме, така што практично не постои населено место во нашата земја кое не е опфатено со изградба или реконструкција на постојаната спортска инфраструктура, рече Марјан Спасевски, директор на Агенцијата за спорт и млади.


Повеќенаменското спортско игралиште во Ресен е на површина од околу 1300 метри квадратни и во него има содржини за играње на мал фудбал,ракомет, баскет и серва, а по можност се прилагодува и кон овозможување и други видови спортски натпревари.

-Во изминатиов период од неколку години изградена е фискултурната сала во СОУ „Цар Самоил“ во Ресен , фудбалското игралиште д-р Христо Татарчев во Ресен, тениското игралиште во ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен што само по себе значи огромен придонес во развојот на спортските и рекреативните активности во нашата општина, рече градоначалникот на Општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски.goko strezovski

Изградбата на ова игралиште чинеше осум милиони денари и истото во Општина Ресен е изградено во рок од неколку месеци .

 

Без коментари

LEAVE A REPLY