Отвориле оган кон 300 луѓе на снимање спот во Њу Орлеанс

0
294

Најмалку 16 луѓе се повредени во престрелка што се случила во парк во Њу Орлеанс за време на снимање музички спот, соопшти денес локалната полиција.

На снимањето спот во паркот Бани френд плејграунд во Њу Орлеанс доцна синоќа се собрале повеќе стотици луѓе, кога ненадејно дошло до пресметка со огнено оружје меѓу две групи луѓе, соопшти полицијата.

Полицајците биле на пат кон паркот за на насобраните да им кажат да се разотидат, бидејќи собирот не бил дозволен, но тогаш осомничените почнале да пукаат во луѓето.

Во полициското соопштение се наведува дека десет луѓе се префрлени во болниците со амбулантни возила, додека шест со приватни.Полицијата сѐ уште не знае колку се тешки повредите кај 16-те ранети луѓе, ниту кој прв почнал да пука, но засега не се спомнува терористички напад и полицискиот поручник Мајк Харис изјавил дека најверојатно станува збор за пресметка на банди.