Ова е почеток на крајот на ВМРО – ДПМНЕ

0
582

Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека денешната изјава на премиерот Никола Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови од договорот од Пржино и оти тој е причината за политичката криза во Македонија. Според него, Договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес и тоа, како што нагласи, мора да се рализира.

Човекот кој што одлучуваше за животот и смртта и кој може слободно да живее во Македонија, а кој не. Човекот кој заедно со неговата фамилија и братучедот Мијалков и кумот Ставрески узурпираше се за свое лично богатење јасно му е дека на тоа денеска му дојде крајот. Никола ти не си Македонија. Ова не е крај. Ова е почетокот на крајот на една корумпирана, фамилијарна, расипничка и недомкратска власт“, рече Заев.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија за сите заедно да ја вратат слободата, демократијата, правдата и европските вредности во земјата. Заев не посочи дали тој се согласува изборите да бидат одржани на 24 април или пак тие ќе бидат одложени.