Ова се носителите на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ

0
888

Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 5 јуни, пишува Пресс 24 повикувајќи се на високи партиски извори.

Според информациите на порталот, актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски ќе ја преводи листата на владејачката партија во втората изборна единица.

Во тројката кандидатите за пратеници ќе ги предводи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последниот пратенички состав, Илија Димовски.

Во четвртата изборна единица, прв фаворит на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде актуелниот министер за здравство Никола Тодоров.

Традиционално, листата во петтата изборна единица ќе ја води пратеникот Антонио Милошоски.

Во шестка за прва пат, во овој изборен циклус пратеничката листа ќе ја води пратеникот Влатко Ѓорчев.

Пратеничките лист ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до ДИК вечерва пред полноќ.