Оваа есен бидете здрави и фит

0
561

Со стресното секојдневие , брзиот начин на живот, спа центрите станаа секојдневнo место

за ослободување од стресот. Се почесто луѓето знаат да се почастат со некое спа уживање како посета на турска бања, базен, сауна, масажа .

Единствениот хотел во Битола кој е специјализиран во областа на спа услугите е хотел Епинал.

Рекреативниот центар на хотел Епинал постои неколку години и како свои примарни услуги ги нуди фитнесот, базенот и сауните, а овојпат со промотивни цени.

Центарот располага со затворен базен кој нуди можност и за професионално пливање.

Тука се и турската бања и сауната, кои освен што ќе ви помогнат да се ослободите од токсините ќе го стопат и стресот и напнатоста.

Уживајте во неограниченото користење на целосно опремениот Фитнес центар кој содржи програми и машини за зајакнување на телото и кардиоваскуларна опрема.

Тука вежбаат почетници, но и професионални спортисти.

Покрај сето ова рекреативниот центар на хотел Епинал нуди и вежби по пилатес, техниката на вежбање за тонирање и зајакнување на мускулите, еластичност на телото, многу популарна овие години.

Тоа се вежби кои се фокусираат на поврзаноста помеѓу умот и телото, кои ќе ви помогнат во намалување на стресот. Имате намера за здрав и квалитетен животен стил? Започнете да вежбате и да се храните правилно во исто време- советуваат од рекреативниот центар.

Физичката активност од само 20 минути дневно драстично влијае врз вашето здравје. Било да се работи за кардио, пливање, подигнување на тегови, физичката активност е клучна за одржување на доброто здравје.

Покрај тоа вежбањето го зголемува дотокот на кислород во мозокот, а со тоа ги подобрува концентрацијата, помнењето, способноста за решавање проблеми и планирање.

Опуштете го телото и смирете ги Вашите сетила во сауната и турската бања кои ќе Ве подмладат.

Посетете го рекреативниот центар на хотел Епинал и погрижете се за Вашето здравје.

Идеално место за воспоставување на рамнотежа на телото, умот и духот.