Оваа година во светот убиени 69 новинари

0
256

Оваа година во светот се убиени 69 новинари, 28 од нив од исламистички групи како Ак каеда и Исламска држава, соопшти Комитетот за заштита на новинари.

Во 2014 година таа цифра била 61.

Во анализа Комитетот наведува дека две третини од случаите оваа година станува збор за планирани убиства. Најмногу убиени новинари оваа година има во Сирија – 13. По неа во мрачната статистика е Франција – деветмина. Бројот на убиени новинари во Ирак, Бразил, Бангладеш, Јужен Судан и Јемен оваа година е зголемен – во секоја од нив има по најмалку петмина жртви.

Без коментари

LEAVE A REPLY