Овации и долг аплауз за МНТ.на отварањето на Фестивалот на монодрама

0
445

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2016“, започна со претставата „Животот е прекрасен“, која во чест на учесниците и гостите на фестивалот ја изведоа актерите на Македонскиот народен театар.

-На пола саат пред смртта, сфаќаме што сè можеме да направиме со животот, вели во една од репликите главниот лик во оваа претстава.

Со овации и долг аплауз беше поздравената големата актерска екипа која учестува во претставата- Никола Ристановски, Николина Кујача и Ѕвезда Ангеловска кои ги толкувааат главните ликови, потоа Сашко Коцев, Тања Кочовска- Павловска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски и други

Оваа година на фестивалот има најголем број монодрами од македонска продукција.

Фестивалот за отворен го прогласи директорот на Центарот за култура-Битола Борче Димитровски, кој истакна дека уметноста секогаш победува.

На сцената после него излезе и членот на меѓународното стручно жири, Иван Лео Лемо, од Хрватска, чии претстави изминатите две изданија добија гран при, кој посочи дека монодрамите се есенцијален театар и за Тера телевизија го истакна задоволството што повторно е на овој фестивал.

Како дел од фестивалот на монодрама во изминатите изданија беа актерите Елена Моше, Петар Милошевски, Борис Чоревски, Александар Копања, Илина Чоревска.

Светски познатиот театарски маг Александар Морфов со претставата „Животот е прекрасен“, ја враќа изгубената смисла за живот.

Присутните на свеченото отварање на фестивалот погледнаа динамична, атрактивна претстава со текст кој никого ен остава рамнодушен.

Ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку е претстава за еден човек, кој повторно го открива животот и така открива колку е животот прекрасен.

Еден човек, кој доаѓа до пеколот, за да разбере, всушност, дека животот е нешто многу драгоцено.

Фестивалската програма продолжува со македонската претстава Ќе има ли војна, автор и актер Ивана Атанасова, Марија Лебјаткина од Србија во изведба на Мирјана Вукојчиќ и албанската претстава Амок во изведба на Димитри Орготска.