Овогодинешното издание на Таксират со најголем број посетители

0
324
Разиграно неколку часовно дружење во Метрополис арената, беше дел од овогодинешното издание на Таксират,
кој фестивал по 17-ти пат ги собра љубителите на музиката на едно место.
Годинешното издание на фестивалот понуди разновидна музика која можеше да го задоволи вкусот и на најпребирливите. Тоа се забележуваше и во присуството на публиката, различни возрасти, различни стилови.
Во одлична атмосфера помина главната вечер на фестивалот Таксират, на која настапија Сабатон, Лајбах, Ла Пегатина, 2челос, САФ и Тони Китановски со Литл биг бенд и Модестеп.
 Ла Пегатина го имаа најдинамичниот настап и не дозволија во ниту еден момент атмосферата на падне. 
Започнувајќи со настапот на металците „Сабатон“, веќе се наговестуваше динамчна вечер. 
Подоцна сцената ја презедоа Словенците „Лајбах“.
Хрватското дуо 2cellos, по распродадениот соло-концерт,  уште еднаш ја потврдија нивната големина. Иако настапуваат само со две виолончела и тапани, публиката ја презеде улогата на вокалист и  ги пееше хитовите кои ги отсвирија.
Македонските рапери С.А.Ф. во полн состав ја потсетија публиката на нивните познати рими, кои се уште се актуелни. Тие, на сцената беа придружувани од „Литл Биг бенд“ на Тони Китановски, а ова беше прва ваква соработка.
За крајот на вечерта, беа задолжени лондонците „Модстеп“, на кои ова е нивни втор настап на Балканот. Првиот се случил на фестивалот „Си денс“ во Црна Гора.